Loading Video...
Фудбал
10. May 2023 - 20:02

Прва МФЛ: Силекс го завери 4. место, Скопје ќе игра бараж за опстанок

Најпријатното изненадување во сезоната екипата на Силекс одигра уште еден добар натпревар во Кратово и со победа од 2-0 против Работнички го обезбеди четвртото место на прволигашката табела.

Домашните од самиот почеток најавија игра на победа и со голот на Марко Ѓорѓиевски по лошата реакција на гостинската одбрана обезбедија водство.

По  само 15 –тина минути  Манасиевски го зголеми водството на 2-0 што се покажа и како доволно за освојување на трите бода.

Во вториот дел  Силекс со рутинирана игра чекаше шанса за посигурна победа додека Работнички не најде начин како да се врати во игра. 

ПРВА ЛИГА  31. Коло
Силекс- Работнички  2-0
Шкупи – Македонија ЃП  3-0
Шкендија – Струга ТЛ 1-2
Брегалница- А. Пандев  1-1
Тиквеш – Скопје  4-0