Loading Video...
Спорт плус
25. September 2022 - 11:33

Прва победа сезонава на Џек Милнер

Австралиецот, Џек Милнер  е победник на 17-тата трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Јапонија.
 
Членот на Дукати иако започна од седмата стартна позиција успеа да се пробие до лидерската позиција и прв да ја мине целната рамнина и да ја оствари својата прва победа сезонава. 
 
Место на пиедесталот изборија Бред Биндер и Хорхе Мартин, додека Марк Маркез кој започна од пол-позицијата заврши како четврто пласиран. 
 
Водечкиот тандем во Генералниот поредок, Фабиот Квартараро и Франческо Бањаја имаа лош настап. Французинот го освои осмото место, додека Италијанецот излета во последниот круг и остана без бодови. 
 
Така сега Квартараро ја зголеми предноста на 18 бодови повеќе во однос на Бањаја. 
 
До крајот на сезоната остануваат уште четири трки, а следната ќе се вози во Тајланд веќе следната недела.