Loading Video...
Балкан
7. February 2021 - 17:05

Прванов: Бугарија згреши што проблемот со Македонија го искачи на ниво на ЕУ

Бугарија  згреши кога проблемот со Македонија  го искачи на ниво на ЕУ,  смета поранешниот бугарски престедател Прванов . Во Брисел нема интерес за спорот и таму никој не сака да си го губи времето читајки ја бугарската рамковна позиција објаснета на 10 страни, но затоа Прванов не ја исклучува можноста  новата администрација на Бајден да изврши дополнителен притисок врз Софија да го симне ембаргото за Македонија.

Прванов посочува дека тоа што  во преговорите меѓу двете страни  сега се инволвира и ЕУ,  доведе  до вистинска катастрофа.  Наместо  најблиски народи, станавме  најголеми непријатели на Блаканот, вели бугарскиот екс претседател. Тој вели дека спорот со Бугарија не смее да се третира како оној со Грција бидејки се различни. Грците сакаа да докажат дека немаат заедничка историја со северниот сосед, а Бугарија споритивното  дека има заедничка историја со Македонија , објаснува  Прванов  кој по вокација е историчар.

Поранешниот бугарски  престедател кој беше на таа функција од 2002 до 2012 година ја поздравува идејата бигарската телевизија да се емитува на македонска почва. Според него медиумска и културолошка размена меѓу двете земји ќе помогне граѓаните да се информираат и да заземат сопствен став.