Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа кон Косово
Со учеството во мисијата КФОР на Косово, Македонија го зазема местото во НАТО како земја која значи мир, безбедност и стабилност на Балканот.
На свеченоста по повод испраќањето на овој прв контингент на Косово, која се одржа неодамна, министерката Шекеринска порача: „Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност. Пред помалку од 20 години, нашата татковина ја искористи шансата да има мисија на НАТО за да има безбедност и стабилност. Денеска како членка на НАТО можеме да помогнеме да помогнеме тоа да се случи и кај нашите соседи. И тоа покажува колку поминавме заедно, со колку проблеми се изборивме и колку созреавме како луѓе и како држава“.
Учеството на припадниците на Армијата во мисијата КФОР на Косово ќе продолжи да расте во текот на 2021 година – веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60 припадници, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци ќе се зголеми со над 100-тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе учествуваат околу 180 војници, подофицери, и офицери на Армијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти