Првите авиони со храна пристигнаа во Јемен откако Саудиска Арабија го укина ембаргото

Четири авиони со хуманитарна помош денеска пристигнаа во Сана, главниот град на Јемен, јави новинската агенција ДПА. Ова е првата пратка хуманитарна помош за Јемен испорачана откако Саудиска Арабија и нивните сојузници во регионот воведоа ембарго врз Јемен на 5 ноември. Ембаргото беше воведено откако шиитската бунтовничка група Хути истрела ракета кон саудискиот главен град Ријад.
Саудиска Арабија и Иран помагаат спротиставени групи во граѓанската војна во Јемен, која изби во 2014 година, со обидот на Хутите да ја преземат контролата врз државата. Војната предизвика глад во Јемен, и се смета дека од 27 милиони жители, 17 милиони немаат доволно храна. Се уште не е јасно дали ембаргото што го воведе Саудиска Арабија ќе биде симнато во целост, или ќе остане на сила за шиитските делови на Јемен кои се под контрола на Хутите. Кога го воведе ембаргото, Саудиска Арабија соопшти дека тоа е неопходно за да се спречат натамошните ирански пратки на оружје за Хутите
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
