Првите бегалци влегоа од Словенија во Австрија

Околу 150 имигранти синоќа влегоа од Словенија во Австрија, што претставува прво регистрирано минување на бегалци од Блискиот Исток на границата меѓу двете земји.
Како што јавија австриските медиуми, бегалците веднаш биле префрлени во јужниот австриски град Шпилфелд, од каде се очекува да бидат пренесени во прифатните бегалски центри во Грац или Фелдкирхен.
Австриската полиција информира дека бегалците ја минале границата на неколку премини, додавајќи дека во текот на денов очекува пристигнување и на нови групи имигранти.
Сливенечките власти формирале центар за прием и регистрација на бегалците во местото Горња Радгона, во близина на границата со Австрија, од каде се очекува имигрантите потоа да преминуваат на австриска територија.
Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер вчера изјави дека е зачудена како ниту еден од илегалните имигранти што минаа низ Хрватска и Словенија не побарале азил во овие земји, додавајќи дека Даблинските правила за азил на ЕУ важат и за нив, па затоа Австрија ќе иницира враќање на бегалците што ќе влезат на нејзина територија во овие две држави.
Во меѓу време, австриската полиција соопшти дека до синоќа околу 6.700 бегалци влегле во Австрија и од унгарска територија.
Австриските медиуми јавуваат дека имигрантите кои по неколкудневни префрлувања од една во друга земја од регионот стигнале во Австрија од Унгарија, не ја криеле својата радост, што конечно влегле во една западноевропска земја.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
