Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
Во 9 часот утринава пукотници ги разбудија соседите и жителите на улицата 25, во скопско Волково. Кираџија пукал во сопственикот на куќата каде што живеел, а го ранил и неговиот малолетен син. По пукањето, самиот си пресудил.
Според сведоштвото на соседите кои беа излезени на улицата, кираџијата веќе неколку години живеел во гаражата која се наоѓа пред куќата на убиениот сопственик, но немало никакви расправии меѓу нив. Кираџијата живеел сам, а сопственикот на куќата со сопругата и двајца синови.
Утрото тој со огнено оружје во дворот на куќата пукал во сопственикот и го убил на самото место, синот кога слушнал пукање излегол во дворот па кираџијата пукал кон него, но само го ранил. Потоа пукал кон себе, по што починал на самото место. 16 годишното дете е во стабнилна состојба.
На терен беа и увидната полиција, вештаци, обвинители. Телата се дадени на обдукција, а оружјето на вештачење, соопштија од ОЈО Скопје.
Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот”.
Пукањето било пријавено во МВР околу 9 часот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар