Пукотници на универзитет во Њу Делхи: Полицијата приведува студенти, протестите се претворија во драма
Во кампусот на Универзитетот Џамија Милиа Исламиа во Њу Делхи дошло до пукање, а на самото место дошле специјалните единици.
Претставникот на полицијата Васим Ахмед Кан рече дека припадници на полицијата на сила влегле во кампусот. Притоа неколку студенти се уапсени.
Се се случило како ескалација на демонстрацииите.
Во текот на денешниот ден се уништени неколку автомобили и згради.
Еден училишен автобус непроседно пред упадот на полицијата во кампусот е запален како акт на протест.
Властите нагласуваат дека се свесни дека повеќето доменстранти не се од кампусот, но полицијата ги приведува осомничените како што пристигнуваат информации за кршење на законот.
Судрите избија на 13 декември меѓу полицијата и неколку илјади универзитетски студенти во Њу Делхи по повод стапувањето на сила на новиот закон за државјанство.
Поради протестите се откажани и многу дипломатски посети на Индија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари