Пуштен нов објект на полициското одделение во Општина Јегуновце
Во Општина Јегуновце денеска е пуштен во употреба нов објект на полициското одделение, во присуство на заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и градоначалникот на општината Тони Коцевски.
Според заменик министерот Чавков, со новиот објект ќе се подобрат условите за работа на полициските службеници во нивните активности за обезбедување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните на тоа подрачје. - Досега полициското одделение Јегуновце беше сместено во 3 монтажни контејнери со површина од 18 метри квадратни. Новиот објект е изграден согласно најновите технички стандарди како и во согласност со Законот за енергетска ефикасност и се состои од сутерен и приземје со вкупна површина од 450 метри квадратни, изјави Чавков.
Во изградбата на објектот, што траела девет месеци во рамки на планираниот рок, како што информира Чавков, се вложени 335.000 евра, средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи.
- Новоизградениот објект овозможува одлични услови за вработените и ќе даде значаен придонес во успешното одговарање на сите нивни предизвици за одржување на поволна безбедносна состојба на ова подрачје и покрива 12 населени места со околу 7.700 жители. Во ова полициско одделение моментно има 28 полициски службеници од планирани по систематизација 38 полициски службеници, изјави Чавков.
Тој најави дека согласно стратегијата за човечки ресурси и потребите на терен ќе се врши и пополнувањето на бројот на вработените и во ова полициско одделение.
Според градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцевски општината учествуваше во проектот со ослободување од комуналии и логистичка подршка. - Покрај подобрувањето на условите за работа на полициските службеници со ова се овозможува и жителите на општината поедноставно да ги добијат потребните услуги и од оваа инстутуција. На овој простор многу близу се општината, градинката, амбулантата и сега полицијата така што се создава еден комплекс каде жителите може на едно место да им бидат достапни потребните услуги. Ние како општина ќе останеме отворени за вакви и слични прокети и во иднина со наша целосна логистичка подршка, рече Коцевски.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад