Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“ кон Атлантскиот Океан
Рускиот претседател Владимир Путин ја испрати фрегатата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“ кон Атлантскиот Океан, пренесоа светските агенции. Церемонијата на испраќање беше преку видео конференциска врска.
За време на церемонијата, Путин од неговата резиденција во Ново Огарјово разговараше со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и со Игор Крохмал, командант на фрегатата.
– Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем – „Циркон“ – кој нема аналози, рече Путин и појасни дека се работи за хиперсоничен систем базиран за море.
Рускиот претседател му посака се најдобро на екипажот на фрегата и им нареди да ги започнат своите задачи.
Шојгу изјави дека „Адмирал Горшков“ ќе плови во Атлантскиот и Индискиот Океан и во Средоземното Море.
Фрегатата е дел од руската морнарица од 2018 година и беше подложена на планирано техничко одржување во 2022 година. Нејзиното главно вооружување е ракетниот комплекс Калибар-НК. Фрегатата „Адмирал Горшков“ активно учествуваше во тестирањата на ракетите „Циркон“.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
