Путин: На земјите кои ја ограничија цената на руската нафта им се забранува испорака од 1-ви февруари
– Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати.
Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената.
Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули следната година, а датумот на забраната за испорака на нафтени деривати ќе го одреди руската влада, се вели во документот.
Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница.
Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел што го договорија ЕУ, Г7 и Австралија стапи во сила на 5 декември, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.
Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на земји од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари за барел.
Ново на Сител
-

Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
