Loading Video...
Свет
30. јуни 2022 - 19:40

Путин: Нема проблем Шведска и Финска да влезат во НАТО, но ќе одговориме на ист начин за инфраструктурата на НАТО во овие земји

Русија нема порблем Шведкса и Финска да влезат во НАТО рече претседателот Владимир Путин, но предупреди дека. доколку НАТО постави војска и опрема во овие две земји Русија ќе мора да одговори со иста мера.  Шведска и Финска во вторник ќе го потпишат протоколот за влез во НАТО изјави првиот човек на Алијансата.  Руските сили се повлекоа од   украискиот  Змискиот остров  на Црното Море.  Повлекувањето е гест на добра волја со цел да му се покаже на светот дека Русија не ги попречува напорите на Он да организираат хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Укриана објасни руското министерство за одбрана.

-Оваа одлука ќе значи дека Киев не може да шпекулира за каква било претстојна криза со храна или да каже дека е невозможно да се извезува жито поради целосната контрола на Русија врз северозападниот дел на Црното Море. Сега останува на украинската страна, која сè уште не го исчистила својот брег на Црното Море од мини, вклучително и во водите во близина на нејзините пристаништа изјави Игор Конашенков.

Украинската верзија на настаните е поинаква-  Руските трупи  се повлекоа  од островот  бидејќи   не можеа да ги издржат постојаните напади на нашите вооружени сили. Ова е наша победа  порача претседателот Зеленски.   А на истокот на Украина најжестоките борби се водат за градот Лисичанск, последното преостанато  украинско упориште во Луганската област.  Во мегувреме Киев и Москва  објавија дека е извршена  размена на  воени затвореници  во која се разменети – по 144 борци од секоја страна.