Путин се помлад: Дали рускиот претседател користи ботокс
Сите сакаат да бидат убави, а кога луѓето се често на медиумите сакаат да изгледаат најубаво. Тоа добро го знаат холивудските ѕвезди, но изгледа дека и рускиот претседател Владимир Путин ја следи светската мода.
Досега Путин неколку пати ја покажа својата машкост, па гол до појас јаваше коњ, ловеше риба во река и се возеше со мотор.
Најновите фотографии покажуват дека Путин многу се грижи за својот изглед и лицето, затоа што повеќе нема подочници, ниту брчки околу очите, особено кога ќе се направи споредба на неговите фотографии од пред 15 години.
Путин (63) изгледа се помлад. Рускиот моќник, кој е на чело на Русија веќе 16 години, ништо не препушта на случајноста. Странските медиуми пишуваат дека користи ботокс и многу други благодети на козметичката индустрија.
Ново на Сител
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила