Работилница за Државната програма 2016-2019 за борба против корупцијата
Претставници од сите државни институции, невладиниот сектор, ОБСЕ, експерти од Европската комисија и бизнис секторот имаат можност да дадат свои предлози и ставови за доградување на предлог текстот на Државната комисија за спречување корупција за државната програма 2016-2019 година за превенција и намалување на судирот на интереси на работилницата што денеска и утре се одржува во Струга.
Претседателот на Државната комисија за спречување корупција Горан Миленков појасни дека Државната програма 2016-2019 година е стратешки документ со кој Република Македонија ги следи антикоруциските стандарди.
- Ова претставува законска обврска на Комисијата и сите 54 земји потписнички на конвенцијата имаат обврска тоа да го направат со донесување програма, која институциите во државата се должни да ја следат и имплементираат, истакна Миленков.
Со донесувањето на програмата, Антикорупциска има обврска да ги мониторира институциите како и во која мера ја следат.
- Кога ќе се донесе овој стратешки документ сите институции треба да го следат, а ние да ги контролираме како се имплементира, рече првиот човек на Антикорупциска.
Документот, за кој веќе е изработен базичен текст, Миленков нагласи дека претставува Национална стратегија на Република Македонија за борба против корупцијата. Информира дека при крај се со имплементација на Програмата 2011-2015 година и оти ги согледуваат достигувањата, кои, според него, се исполнети.
Државната програма за превенција и намалување на судирот на интереси 2016-2019 година се очекува да биде донесена на 9 декември, Меѓународниот ден за борба против коруцијата кога и јавно ќе биде промовирана.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст