Работилница за поголема конкурентност на земјоделските производи

Поголема конкурентност на земјоделските производи преку јавно и транспарентно спроведување јавни политики со фокус на пазарот, а не со помош на субвенциите, како и заеднички настап на земјоделските здруженија пред институциите преку солидарност и соработка, е целта на проектот „Коалиција за правични и транспарентни земјоделски политики“ што го спроведува Рурална коалиција - Куманово со партнерски организации од земјава.
Во рамки на овој проект во Струга се одржа работилница на која земјоделците имаа можност да ги кажат проблемите со кои се соочуваат. Промовирана беше и брошурата „Мисли на пазар не само на субвенции“.
- Сите чинители во секторот земјоделство ќе се запознаат со потребите и проблемите кои земјоделците ги имаат при производство и барање пазар на своите производи, како и производните цени на три производи. Имаме направено структура на цена на чинење на доматот, гројзето и пченицата, информира Ива Магловска од Рурална коалиција - Куманово .
Преку овој проект, како што истакна, прв пат ќе се создаде платформа за соработка и солидарност, која треба да ја потпишат 20-тина здруженија и која ќе биде основа за почитување и бранење на поставените точки од сите засегнати страни од секторот земјоделство.
Проектот „Коалиција за правични и транспарентни земјоделски политики“ го спроведува Рурална коалиција - Куманово со партнерските организации „Млади фармери“ од Дебрца, Агрокултура од Липково и Агросојуз од Василево од јуни 2015 до јуни оваа година.
Ново на Сител
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
