Работилница за превенција и ремедијација на радонот од објектите за живеење, престој и работа

Работилница за превенција и ремедијација на радонот од објектите за живеење, престој и работа сe oдржува денеска и утре во Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој ја организира во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во рамки на регионалниот проект за намалување на изложеност на озраченост на населението од радонот.
Лидија Николовска од лабораторијата за јонизирачко зрачење при Институтот за јавно здравје на Република Македонија изјави дека целта на работилницата е да се пренесат знаење, искуства и вештини кои постојат во Западна Европа и во другите земји во смисла на превенција на акумулација на радонот во објектите за живеење и работа и одредени мерки, активности, технологии за ремедијација, односно негово отстранување од тие објекти.
Посочи дека работилницата е наменета пред се за претставници oд градежни фирми, фирми кои произведуваат градежни материјали, од локалната самоуправа, од одделенијата кои се поврзани со секторот за урбанизам и градежништво.
- Радонот претставува радиоактивен гас, кој е од природно потекло и според СЗО е класифициран како втор ризик фактор за појава на канцерогени заболувања, а како ризик фактор во првата група е категоризиран од Меѓународната агенција за истражувања на канцерогените заболувања. Радонот е присутен секаде во цел свет, некаде помалку, некаде повеќе, зависи од минералниот состав на земјиштето, од геологијата, од градежните материјали кои се користат, рече Николовска.
Институтот за јавно здравје, потенцира, од 2009/2010 година имаше првични истражувања за концентрација на радонот во затворени простории.
- Просечната вредност беше детектирана околу 100 бекерели по метар кубен. Референтните вредности се 200 бекерели за нови објекти, а 400 за веќе изградени објекти. Што се однесува до системите за превенција и ремедијација тоа е обврска на градежниот сектор и затоа ја организиравме оваа работилница. Проблемот на радонот не е проблем кој треба да се решава од една институција, истакна Николовска.
Според неа, мора да постои мултисекторски пристап во решавање на оваа проблематика, мултисекторски пристап во смисла на градежништвото, регулативата, едукација на факултетите итн. за да не дојдеме во ситуација радонот да претставува здравствен проблем.
Појасни дека како институција го мерат присуството на радонот во готови објекти за да имаат сознанија каква е состојбата во Република Македонија.
- Сега го мериме радонот во училишта, градинки, во оние објекти во кои работат, живеат, престојуваат наши деца, рече Николовска.
Одговарајќи на новинарско прашање дали има резултати од мерењата во училиштата и градинките, рече дека тие се уште се валидираат, затоа што вршат две мерења, полугодишни зимски и летен период и сега е во тек замена на детекторите бидејќи, како што појасни, битна им е годишната концентрација, а таа е регулирана.
Нагласи дека ако во едно училиште или градинка има радон над дозволените граници, ќе биде известено Министерството, локалната самоуправа.
- Во тој случај можат да се преземат и одредени активности за ремедијација. Не може да се зборува за радонот, за акутни последици. Наша цел е преку оваа програма да го намалиме ризикот од канцерогенеза, а кои ќе бидат ефектите, тоа ќе знаеме после 20 години, додаде Николовска.
Ново на Сител
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
