Македонија
24. February 2026 - 16:26

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди

Најтрофејниот центарски клуб ќе игра во нова сала по сите ФИБА стандарди. Спортската сала Работнички по 5 децении е целосно реконструирана. Општина центар ја заврши реконструкцијата која ја опфати фасадата на објектот, поставен е нов енергетски ефикасен систем на греење, трибини, соблекувални, тоалети и осветлување.

На отворањето на салата се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на кошаркарскиот клуб Работнички и основното училиште Кочо Рацин. Освен за професионалните клубови, оваа сала ќе биде отворена за сите ученици од општина Центар.

Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 метри квадратни, од кои 1.400 метри квадратни се наменети за спортскиот терен со капацитет за околу 1000 гледачи на трибините. За оваа инвестиција владата обезбеди 120 000 000 денари преку министерството за спорт.