Loading Video...
Фудбал
4. December 2021 - 17:52

Работнички и Ренова одиграа без голови

Екипите на Работнички и Ренова попладнево го одиграа воведниот натпревар од  од 16 коло во ПМФЛ во која останатите средби на програмата се утре.

Дуелот меѓу Работнички и Ренова што се одигра попладнево на националната арена „Тодор Проевски“ заврши со најнепопиларниот резултат 0-0. 

Иако двете екипи имаа повеќе големи шанси да постигнат гол, сепак малубројните љубители на фудбалот не видоа ниту еден гол. 

Работнички ја прекина низата од три порази по ред, додека Ренова на последните пет натпревари има само еден триумф. 

Така двете екипи барем до утре остануваат на истите позиции на табелата. „Гипсарите“ се четврти, зад водечката тројка, Шкупи, Академија Пандев и Шкендија, додека Работнички е осми со само два бодови повеќе од Скопје. 

Ќе останат ли на истите позиции ќе дознаеме по утрешните дуели кои ќе започнат од 13 часот, а во кои ќе играат: 

СТРУГА Т.Л. -  ТИКВЕШ

АК. ПАНДЕВ -  БРЕГАЛНИЦА

БОРЕЦ -  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П

ШКЕНДИЈА -  ПЕЛИСТЕР

СКОПЈЕ -  ШКУПИ