Loading Video...
Спорт плус
6. April 2021 - 19:21

Работнички и Вардар ќе играат мајсторка за влез во финалето

Одбојкарките на Работнички се изборија за мајсторка во дуелот против екипата на Вардар 
 
Откако вардарки го добија првиот дуел пред три дена, денеска Работнички славеше со 3:1 во сетови со што го израмни резултатот на 1:1 во победи, а воедно се изборија и за решавачки трет меч кој на програмата е во петок 
 
Во вториот натпревар одбојкарките на ЈВ Кисела Вода се пред пласман во финалето бидејќи на гостувањето кај Струмица имаат предност од 2:0 во сетови, па доколку го добијат и третиот со 2:0 во победи ќе ја решат и полуфиналната серија. 
 
За во сабота се закажани и првите полуфинални дуели во машка конкуренција во кои ќе се сретнат Универзитет во Тетово и Вардар, односно Џио Струмица и Борец.