Фудбал
20. November 2016 - 16:00

Работнички убедливо го совлада Вардар во дербито на ПМФЛ

 
 
Екипата на Работнички го победија  Вардар во дерби натпреварот од 15.коло на Првата македонска фудбалска лига.
 
На средбата одиграна попладнево на арената „Филип Втори“, фудбалерите на Работнички славеа победа против шампионот Вардар со 3:0.  Стрелци на головите за „романтичарите“ беа: Суад Сахити (33.минута), Филип Дурански (73) и Филип Ивановски од пенал (90+3).
 
На другите четири натпревари постигнати се овие резултати: 
Ренова – Силекс 2:2, 
Пелистер – Шкупи 2:0, 
Македонија ЃП – Шкендија 0:4 и 
Брегалница – Победа 2:3.