Радев: Членството на Северна Македонија во НАТО не е закана за никого
Членството на Република Северна Македонија во НАТО не може да биде извор на опасност за никого. Напротив, тоа ќе придонесе за поголема безбедност на регионот, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за руската новинска агенција ТАСС.
Тој ја смета за погрешна парадигмата според која безбедноста на една земја се осигурува за сметка на безбедноста на друга држава.
– Оваа формула води до нестабилност и недоверба и создава ризици. Членството на земјите од Западен Балкан во НАТО кое Бугарија го поддржува го намалува потенцијалот за конфликти во нашиот сложен регион, потенцира Радев.
Бугарскиот претседател вели дека е неопходно да се намалат тензиите меѓу НАТО и Русија, и да се воспостави целосен дијалог во врска со безбедносните прашања. Зацврстувањето на довербата, според Радев, ќе помогне да се надминат меѓусебните стравови кои постојат во овој момент.
Ново на Сител
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони
-
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
-
Пожар во магацин за производство на полиестер во Врапчиште, повреден пожарникар
-
Уапсен 38-годишен маж од Штип, пронајдена дрога
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција