Спорт плус
1. February 2023 - 19:59

Рагби легендата Брејди се повлекува од терените

Најдобриот играч на американскиот фудбал 45-годишниот Том Брејди по вторпат најави повлекување од терените и тоа овојпат засекогаш. 
Брејди и минатата година на 1. Февруари најави пензионирање но по еден месец соопшти дека ќе се врати во Тампа беј бидејќи не можел да го издржи притисокот поради наглото  повлекување. 
Брејди 20 години мина во Њу Ингланд и три во Тампа. Освои дури 7 Супербоули и пет пати беше прогласуван за МВП на завршниот натпревар и трипати во сезоната во НФЛ лигата.