Рама порача Тачи да не доаѓа во Елбасан
Премиерот на Албанија Еди Рама му порача на заменикот косовски премиер Хашим Тачи да не доаѓа на натпреварот меѓу Албанија и Србија, што ќе се одигра утре во Елбасан, јавуваат албанските медиуми.
Според албанските медиуми, Рама се одрекол од Тачи поради евентуалното присуство на српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.
Претходно беше најавено дека постои можност Вучиќ и Рама заедно да присуствуваат на натпреварот, но српскиот премиер се уште не одлучил поради најавата на Тачи дека ќе го следи натпреварот во Елбасан.
Најважна цел на премиерот Рама е натпреварот против Србија да мине без никаков инцидент. Друга желба е да биде во друштво на премиерот на Србија Александар Вучиќ за време на натпреварот, јавуваат албанските медиуми.
Тачи претходно најави дека ќе патува за Елбасан на натпреварот меѓу Албанија и Србија, бидејќи во албанската репрезентација поголем дел од играчите се Албанци од Косово.
Српскиот премиер Вучиќ претходно изјави дека за присуство на натпреварот ќе одлучи по разговор со албанските колеги.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден