Македонија
25. September 2015 - 14:35

Расчистен е одронот во Шипковица

Расчистен е одронот во Шипковица што го прекина сообраќајот кон селата Бродец, Бозовце и Вешала, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, веднаш по добивањето на информацијата за одронот, екипи излегле на терен и за неколку часа го расчистиле.

Одронот бил предизвикан од уривање на дел од потпорен ѕид што паднал на патот.

Како што рече Арифи, до Владата е веќе доставен акциски план во кој се наведени сите критични точки и други места кои можат да предизвикаат ризик по населението и нивните имоти во Тетовско, а се резултат на поплавите во август.