Рашиќ: Немаме официјален став за демаркацијата, чекаме покана за разговор
Пратеникот на „Српската листа“ во косовското Собрание, Ненад Рашиќ изјави дека се додека нема разговори со функционерите на Косово околу демаркацијата на границата со Црна Гора, позицијата на Србите во косовските институции останува непроменета.
Како што јави дописникот на МИА, тој потсети дека српските пратенци во косовскиот Парламент се уште не се поканети на среба во врска со договорот за демаркацијата.
-До овој момент нема никаков официјален став за демаркацијата. Се уште не се знае дали ќе учествуваме на седницата на Парламентот кога демаркацијата ќе биде на дневен ред, бидејќи до сега ја немаме остварено средбата која ја баравме, изјави Рашиќ.
Косовскиот премиер Иса Мустафа деновиве најави серија средби со опозицијата и „Српската листа“ со цел да бидат разјаснети сите дилеми, пред повторно во Парламентот да се најде Предлог-законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, но засега не е одржана ниту една средба.
Тој притоа отфрли каква било можност да прифати некакви условувања од „Српската листа“ или опозицијата
Инаку, следната седница на косовскиот Парламент е закажана за 22 септември, но на дневниот ред не е Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект