Растат тензиите на Косово - Приштина тврди дека спречува шверц, Белград бара интервенција од НАТО
Истрели од огнено оружје, шок бомби и солзавец на северот од Косово. Официјална Приштина тврди дека спроведувала акција за спречување шверц на стоки - според Владата во Белград, станувало збор за како што велат, луда политика на Косовскиот премиер Курти.. Ситуациајата ескалирала откако косовската полиција затворила неколку продавници поради наводен шверц, а граѓаните излегле на протест.
Во справување со толпата било употребено оружје и солзавец. По инцидентот, лекарска помош побарале десетена лица.
Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, обвини дека косовксата полиција отворила оган врз срспкиот народ и побара помош од меѓународната заедница.
Реакција од НАТО и КФОР побара и српската премиерка Брнабиќ, за како што вели, запирање на налудничавата политика на Приштина.
Итен состанок со србите во Косово за попладнево најави Александар Вучиќ.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар