Loading Video...
Свет
13. January 2022 - 16:29

Расте притисокот врз Џонсон да си поднесе оставка од фунцијата премиер на Велика Британија

Британската опозиција и денеска побара од Борис Џонсон да се повлече од фунцијата премиер на Велика Британија.

На повикот на опозцијата се приклучија и сопартијци на Џонсон, но и  граѓани кои утрово се собраа пред зградата на парламентот за да изразат револт од постапката на премиерот.

Барањата за оставка уследија откако Џонсон на јавноста и призна дека бил на коктел забавата во градината на неговата резиденција во Лондон на 20 мај 2020-та, во време кога земјата беше во строг карантин и локдаун.

На тој ден, 10.268 луѓе починале од ковид во Британија.

Првите луѓе од кабиентот на Џонсон пак повикаа да се почека исходот од полициската истрага за случајот, која според најавите треба да заврши следната недела.