Разногласија во Софија, по одбиениот предлог на Скопје најавуваат контрапредлог
Предлозите на Скопје за постигнување договор и за тргање на бугарското вето за старт на преговорите со ЕУ се неприфатливи за Софија. Бугарската страна вели дека не добила официјален документ и смета дека дијалогот за отворените политички прашања треба да продолжи, а штом ќе има напредок најавува свој контрапредлог. Евентуалниот договор, политиката кон С Македонија, дали постои или не документ за кој се преговара, предизвикаа несогласување и во бугарската владина коалиција.

-За време на состанок во февруари, Бугарија ја информираше Република Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат. Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Кога ќе има изгледи за суштински напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите, стои во соопштението од МНР на Бугарија.
Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска вчера изјави дека до бугарското Министерство за надворешни работи не е пристигнат никаков официјален документ од Скопје.
– Билатералните разговори се одржаа на 10 февруари и се работеше на предлог-протокол, но за жал, резултатите беа незадоволителни, изјави Генчовска по седницата на бугарското Народно собрание затворена за јавноста, на која таа говореше за позицијата на Бугарија во однос на земјава.
Генчовска оцени дека е тешко да се каже оти има некаков напредок во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
– Од јануари потрошивме време за да се завршат многу работи, а најважно е отворањето на Уставот на Северна Македонија и вклучување на тамошните Бугари во Преамбулата, додаде шефицата на бугарската дипломатија.
Според Генчовска, реално е да се очекува дека до крајот на француското претседавање со ЕУ, Скопје „нема да има време да го отвори и заврши овој процес“.
За тврдењата дека има разногласија во Софија во врска со Северна Македонија, Генчовска призна дека има разидувања меѓу МНР и надворешнополитичкиот тим на премиерот Кирил Петков.
– Постојат сериозни разлики во однос на националната позиција до која Министерството за надворешни работи строго се придржува, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Премиерот Петков, пак, не ги коментираше забелешките на Генчевска. Вели дека „има само една политика, а тоа е политиката на Бугарија, и таа треба да помине преку институцијата Парламент“.
– Не само владејачките партии, туку и опозицијата, треба да се обедини. Никој нема да може да протурка ниту една позиција што не поминува низ бугарскиот Парламент. Мора да имаме единство за РС Македонија, рече Петков.

– Очекувам француското претседателство да преземе одговорност во овој период, но се разбира тоа не зависи само од Франција, затоа што одлуките во Европскиот совет се носат едногласно и доволна е само една земја да го попречи процесот. Ако прашањето е кон Франција, јас сум повеќе од позитивен дека имаат силни намери во овој дел, оценува Османи посочувајќи дека ние сме во интензивна фаза во разговори за надминување на разликите со нашиот сосед Бугарија со цел подигнување на рампата за отворање на преговорите.
Ново на Сител
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
-
Таравари го разреши директорот на Кумановската болница
-
Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани
-
Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година