Разорна експлозија во Нешвил, од полицијата велат дека станува збор за планиран напад

Огромна експлозија денеска одекнала во центарот на Нешвил, главниот град на американската сојузна држава Тенеси, пренесуваат американските медиуми.
„Веруваме дека некој намерно предизвика експлозијата на божиќното утро во центарот на Нешвил“, рече портпаролот на полициската управа.
Портпаролот Дон Арон на утринската прес-конференција изјави дека по пријава за сомнителното возило, службениците од Одделот за експлозиви биле испратени во центарот на градот, а набргу потоа, околу 6:30 часот наутро, дошло до силна експлозија поврзана со тоа возило.
„Веруваме дека експлозијата е намерно предизвикана“, рече Арон.
Портпаролот на противпожарната служба во Нешвил, Џозеф Плесент изјави дека три лица се повредени во инцидентот и се пренесени во болница. Тој додаде дека никој од нив не е во критична состојба.
„Инцидентот го испитуваат неколку американски агенции, локални и федерални, вклучувајќи ги ФБИ и АТФ“, рече Арон.
Сведок на инцидентот, Бак МекКој, за Си-ен-ен изјавил дека експлозијата се случила пред неговата зграда.
„Целата улица беше во пламен. Огнот зафати три автомобили. Дрвја паѓаа на улицата, парчиња стакло имаше насекаде. Луѓето ги напуштаа своите куќи со своите миленици. Пожарникарите ми рекоа да се оддалечам што е можно повеќе од оваа област“, рекол тој.
Градоначалникот на Нешвил, Џон Купер, за Си-ен-ен изјавил дека е свесен за инцидентот и е на пат кон местото на настанот. Тој додаде дека експлозијата се случила на Втората авенија во стариот, историски дел на градот.
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
