Разрешени седум директори на училишта во Гостивар

Oдземањето на надлежностите на градоначалникот Аребн Таравари во областа на образованието нема да биде изненадување доколку тоа министерот за образование го направи по трет пат, рече денеска на прес конференција Аслиан Снопче одговорната за образованието во општина Гостивар.
Според неа, во последниве три дена сменети вкупно седум од 16 директори на образовни институции во општината. Снопче овој потег го оцени како скандалозен, а мотивот е политички реваншизам.
– По второто последователно одземање на надлежностите од страна на министерот за образование, во делот на именување и разрешување на директори, деновиве следеше продолжувањето на оваа политичка одлука. Замислете, среде предизборна кампања, министерот си дозволува луксуз да разреши директори именувани од страна на градоначалникот и наместо нив ги именува старите партиски директори, рече Аслијан Снопче раководител на секторот за образование во општина Гостивар.
Таа упати препорака до ресорниот министер да се занимава со обезбедување на настава и со исправки во учебниците на албански јазик, со откривање на скандали во универзитетските дипломи и со зголемување на инвестициските фондови во истражувачките, а не само со Гостивар.
– Ние сме убедени дека по седум месеци, повторно ќе има „капитална“ инвестиција од страна на неговото министерство. Таа капитална инвестиција ќе биде одземање по третпат на надлежностите на градоначалникот на Гостивар.
Впрочем, тој не знае нешто друго да направи. Сепак, ќе ја нема таа прилика, бидејќи наскоро ситуацијата ќе се промени и во Гостивар ќе дојдат нови времиња, подвлече Снопче.
Градоначалникот Таравари, кој е од редовите на Алијансата за албанците на Зијадин Села од преземањето на функцијата се соочи со одземање на надлежностите во делот на именување и разрешување на директори во два наврати. Тој пред извесно време назначи нови, а од пред некој ден министерот почна со нивно разрешуавње.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
