Реакција на Данела Арсовска на прес-конференцијата на Шилегов
Да се употребува зборот банкрот за проектот бесплатен јавен превоз, прво е незнаење, а второ отвора теми за дискусија. Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие? Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие? Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз? Зошто се чекаше 4 години да се реши едноставен проблем? Кој водел сметка за финансиската страна на работата на ЈСП? За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено? Во 2020 година купен е инвентар во вредност од 500 милиони денари. Внимавајте, не автобуси, инвентар што значи – алат, мебел? Каде оделе парите на граѓаните и во што? Ова се јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП. Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера. Очигледно не е работено според интерес на граѓаните туку водено е според други интереси.
Кога ќе ставите се на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните.
Изборен штаб на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање