Loading Video...
Фудбал
15. April 2021 - 11:58

Реал – Челзи и ПСЖ - Манчестер Сити во полуфиналето на ЛШ

 
Реал Мадрид и Манчестер Сити ја комплетираа полуфиналната четврорка на екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони. 
 
Ова е епилогот по одиграните реванш четвртфинални дуели во кои Реал на гостувањето кај Ливерпул одигра без голови и ја сочува предноста од 3:1 остварена на првиот натпревар во Мадрид минатата недела. 
 
Манчестер Сити и по втор пат ја победи Борусија со 2:1, овојпат на гостувањето во Дормунд, на дуелот во кој домаќините поведоа со голот на 17-годишниот Англичанец, Џад Белонгам во 15-минута. 
 
Гостите до триумфот стигаат во вториот дел со головите на Марез од пенал во 55-тата и Фоден во 75-минута. 
 
Полуфиналето продолжува за две недели односно на 27 април кога во Мадрид својот прв меч ќе го одиграат Реал и Челзи, а ден подоцна (28 април) својата прва пресметка ќе ја имаат ПСЖ и Манчестер Сити. 
 
Реанш дуелите се закажани за 4 и 5 мај, а финалето на 29 мај на стадионо „Кемал Ататурк“ во Истанбул.