Loading Video...
Кошарка
21. January 2022 - 0:35

Реал продолжува со победите, нов пораз на Барселона

По повеќе неделни проблеми кои ги создаваше ковид пандемијата кончено ќе биде одиграно комплетно коло(22-ро) во Евролигата.
 
Лидерот на табелата Реал Мадрид ја забележа 16-тата победа откако на гостувањето кај Алба славеше со 89-74. 
 
Затоа пак второ рангираната Барселона по трет пат на последните четири натпревари губи. Овојпат каталонскиот тим е поразен на гостувањето кај Уникс Казан со 70-64. 
 
На останатите три средби беа постигнати следниве резултати:
УНИКС КАЗАН - БАРСЕЛОНА 70 – 64
АЛБА БЕРЛИН - РЕАЛ МАДРИД 74 – 89
ЗЕНИТ - МОНАКО 77 – 86
ФЕНЕРБАХЧЕ - ЖАЛГИРИС 73 – 67
МАКАБИ Т - ОЛИМПИЈАКОС 84 – 69
 
Денеска на програмата се преостанатите четири аредби од ова коло, а двојките се:
ЦСКА МОСКВА - АРМАНИ МИЛАНО 18:00 часот
АНАДОЛУ ЕФЕС - ПАНАТИНАИКОС 18:30 
БАСКОНИЈА - БАЕРН МИНХЕН 20:30 
АСВЕЛ ВИЛЕРБАН - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 21:00