Ребаланс на Буџетот: Годинава ќе потрошиме 1 милијарда евра повеќе од што имаме

Ребалансот на Буџетот веќе е во Собраниска процедура. И денеска тече расправата во матичната комисија за финансирање и буџет која согласно Деловникот е ограничена на 10 работни дена.
Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера објасни дека годинава буџетскиот дефицит ќе биде 8,5% што значи дека Владата ќе потроши близу милијарда евра повеќе пари од оние кои ќе ги прибере во форма на даноци и разни други приходи. Парите кои веќе фалат во економијата, Владата ќе ги обезбеди преку задолжувања и на странскиот но и на домашниот пазар со што задолженоста на земјава за прв пат во нејзината историја ќе ја пробие границата од 60% од бруто домашниот производ, што практично значи дека државата должи близу две третини од се она што ќе го произведеме и потрошиме во текот на годината. Лошата економска година според прогнозите ќе ни донесе пад на БДП од 5% а премиерот се надева дека со новите анитикризни мерки ќе можеме минусот да го одржиме на 4,4%.
Според опозицијата, ребалансот е популистички и нема да обезбеди раст на економската активност. Опозициските пратеници, своите забелешки на ребалансот ги доставија во форма на 170 амандмани
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
