Бизнис
29. October 2020 - 20:10

Ребаланс на буџетот - ќе има ли пари за помош на фирмите?

Во полупразна сала почна расправата за ребалансот на буџетот чие гласање го чекаат и граѓаните и бизнисмените за да почне реализацијата на новиот пакет мерки. За опозицијата ребалансот е неразвоен, лошо концепиран, нема да ги даде посакуваните ефекти, а ќе ја турне земјава во уште поголема криза. Велат дека наместо да помогне само ќе го зголеми долгот, кој во моментов е на историси највисоко ниво.

Од Владата пак апелираат до пратениците да му дадат подршка на ребалансот. Министерот за финансии Бесими посочи дека со неговото носење ќе почне реализацијата на мерките од четвртиот пакет мерки кој ќе им помогне на стотици граѓани и фирми да ги надминат последиците од новиот бран на пандемијата.  

Четвртиот пакет содржи субвенции за плати за фирмите погодени од корона кризата. Парите ќе се доделуваат скалесто во зависност од тоа колкави последици има компанијата, ваучери за невработени, пензионери самохрани родители,  лица со ниски примиња, поволни кредити. Тука е мерката со која ќе им се врати данокот на граѓаните кои скенираа сметки од викендот без ДДВ. Фирмите веќе неколку пати апелираа до Владата побргу да го донесе новиот пакет помош затоа што нивната ликвидост е нарушена.

Со измените приходите во буџетот ќе изнесуваат над 3 милијарди евра, а расходите над 4 милијарди евра. Расправата за ребалансот ќе трае 5 работни  дена.