Бизнис
17. July 2024 - 16:49

Ребалансот на буџетот ќе тежи 5,8 милијарди евра

Рекореден ребаланс на буџетот од 5,8 милијарди евра скрои Владата. Приходите се проектирани на 5,1 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит се зголемува на 720 милиони евра или  4,9% од БДП. За да се финансира, Владата, покрај заемот од  половина милијарда евра од Унгарија, ќе се задолжува и на домашниот пазар. . Јавниот долг уште повеќе се продлабочи и ќе надмине 68% од БДП Инфлацијата се очекува да достигне 3,5 отсто,. а растот 2,1. Министерката за финансии  Кочоска, вели дека наследиле  катастрофален  буџет, со огромни долгови и стопанството во клиничка смрт, па затоа дефицитот е толку зголемен, а рабоат за вакавата сосојба ќе има Јавното обвинителство.

- Буџетот е оштетен повеќе од 32 милијарди денари (520 милиони евра) кои проектираниот буџетски дефицит не можеше да ги поднесе, но со ребалансот на буџетот се обезбедени овие пари. Таа очекува, како што напомена, за констатираните состојби да реагира Основното јавно обвинителство.Според неа, нереални биле проекциите на буџетот за годинава и се трошеле пари за непродуктивни цели. Некои од законските обврски како студентски оброк и дополнителни пари за изборите не биле планирани, но треба да се покријат.

Во претходниот буџет не се предвиделе пари ни за тековните  плаќања – како плати за дел од вработените во државните институции, пензии,  мој ДДВ, студенски оброк, реклами за избори,  капитални инвестиции во општините, исплата пенали кон ЕУ поради злоупотреба на фондовите ваучери за спорт.  Пари немаат за да работат ни ЕСМ, Железница, ЈПДП и ЈСП. Но, со прераспределба , сега за сега, обебедени се финансии.

Кочоска  вели дека  има многу државни институции кои со години не работат ништо,  а земаат плата, како и  инстутуции  кои неодговодно се односуваат и  трошат огромни суми народни пари. Ги повика пред потпишување на Колкетивните договори за раст на платите, прво да побараат мислење од фианнсии. Ако продолжи ваквиот тренд, според минситерската, буџетот ќе може да издржи до март.