Свет
7. October 2023 - 20:09

Речиси 120 загинати и повеќе од илјада повредени во земјотресот во Авганистан

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денска во западен Авганистан се искачи на „околу 120“, соопштија властите, а повеќе од 1.000 други се згрижени поради повреди.

„Досега, повеќе од 1.000 повредени жени, деца и стари граѓани се вклучени во нашата евиденција, а околу 120 луѓе ги загубија животите“, изјави шефот за справување со последици од катастрофи во провинцијата Херат, Моса Ашари.