Балкан
2. April 2018 - 12:57

Речиси две илјади бегалци и мигранти пристигнале во март на грчките острови

Вкупно 1.968 бегалци и мигранти пристигнале на грчките острови во северниот дел од Егејско Mоре. Од нив 1.369 пристигнале до островот Лезбос, 541 до островот Самос и 58 до островот Хиос.

Во јануари на тие острови пристигнале 1.504, а во февруари 997, објави Нафтемборики.

За споредба, во март 2017 година, во северниот дел на Егејско Море пристигнале 1.407 додека во март претходната година таа цифра била 8.604.