Македонија
20. September 2020 - 11:16

Регистрирани се 701 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита налице, регистриран е 701 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.