-->
-->
Реконструкција и поставување водоводна и канализациона мрежа на улица "Титовелешка" во Маџирмаало
-->
Реконструкција и поставување водоводна и канализациона мрежа на улица "Титовелешка" во Маџирмаало. Општина Центар паралелно работи на уште две други улица Петричка и улица Ѓуро Ѓоновиќ.
- За првпат по 60 години се поставува канализациона и водоводна мрежа. Оваа улила е во должина од 360м. Паралелно работиме и на други проекти како игралиштето а ќе продолжиме со поддршка на традиционалните "маџирмаалски средби", изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.
За новиот ДУП во кој е предвидено да се градат деловни, станбени згради и хотели Богдановиќ вели е среќен што граѓаните имаат можност да се произнесат во анкетните листови и врз основа на нивните мислења ќе постапат.
- За разлика од порано кога ДУП се носеше во ноќни часови, сега жителите имаат можност да се изјаснат. Има реакции и забелешки но има и позитивни коментари за она што е предвиденп во ДУП-от. Едни се против тие објекти, други пак сакаат и бараат станбени згради или деловни. Да видиме како ќе заврши процесот, за околу месец и половина ќе имаме заклучоци, вели Богдановиќ.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња