Реконструкција на улици во старото градско јадро во Струга
Општина Струга почна со реконструкција на улиците „27 Март”, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор” во старото градско јадро.
Според предвиденото, општинската прес-служба информира дека најпрво ќе биде отстранета камената површина, ќе се постави нова водоводна инсталација, но и подземни кабли за електрична енергија и телекомуникациски услуги.
Површините ќе се изведуваат со камен и истовремено ќе се изврши замена на азбесните цевки на водоводот. Ќе се постави бетонска подлога и ќе се поплочи со камени блокови, карактеристични за старото градско јадро, информира Општина Струга.
Со реконструкцијата, додаваат, ќе се подобрат условите за сообраќај и движење на пешаците во овој дел од градот.
Реконструкцијата е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а го реализира во соработка со Општина Струга.
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти