Рекорд: На Цеца и нудат 200.000 евра да запее во Хрватска

Хрватите со децении ја сатанизираа не можејќи да и простат што е вдовица на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Екстремистите отворено и се закануваа. Поради тоа Цеца никогаш не запеа во Хрватска, каде нејзините песни и натаму се забранети на телевизија и на радио станиците.
Меѓутоа еден бизнисмен е подготвен да и понуди највисок хонорар што некогаш добила естрадна ѕвезда во поранешна Југославија само за да запее во Загреб.
-Освен 200.000 евра, на Цеца и ветиле и силни мерки за обезбедување зошто концертот би бил од висок ризик. Ако се согласи да настапи во Хрватска, тоа би се случило на пролет, вели доброинформиран извор.
Цеца порано истакнуваше дека никогаш нема да настапи во Хрватска.
-И кога го правев концертот во Белград, ги повикав сите луѓе што сакаат да ме слушнат да дојдат овде, зошто Србија и Белград се отворени за сите луѓе, за разлика од Загреб. Затоа таму никогаш во животот не сум била ниту ќе одам. Ја почитувам публиката од сите поранешни југословенски простори и сите ги повикувам на своите концерти каде и да настапувам. Цел живот се занимавам со музика и пеење на најубави љубовни песни, изјави своевремено Ражнатовиќ.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
