Loading Video...
Свет
16. October 2020 - 16:47

Рекорден број заразени во Европа и регионот

Европа и регионот продолжуваат да бележат застрашувачки бројки на новозаболени од коронавирус. Хрватска забележа нов рекорд бројот на нови случаи во последните 24 часа е 1.131. Министерот за здравство ги повика граѓаните да покажат сериозност и да ги почитуваат антиковид мерките.

Словенија во последните 24 часа пријави рекордни 834 нови случаи. За да го спречи брзото ширењето на вирусот  владата на Јанша одлучи да го врати карантинот. Во 7 од 12 те региони не смее да се влегува или излегува, со одредени исклучоци. Во тие региони маските ќе мора да се носат и на отворено. Во црвената зона се и Љубљана, Крањ и Целје. Носењето маски на отворено од денеска се препорачува  и за српските граѓани додека задолжително е во Албанија.

Нови црни рекорди на дневно ниво по бројот на заболени од почекот на пандемијата регистрираа и Германија, ФРанција, Чешка, Бугарија, Русија и СЛовачка. Во тие држави веќе се заострени рестрикциите.  

Во мегувреме СЗО обајви дека Анти-вирусниот лек ремдесивир има малку  или никакво влијание во борбата против корона вирусот. Истражувањето на СЗО  опфатило  над 11 000 пациенти во 30 земји. Ремдесивир беше меѓу првите лекови   што се користеа за лекување на вирусот. Научниците од универзитетот во Хонгконг утврдиле дека Ранитидинот покажал многу подобри резултати против Ковид-19 во споредба со ремдесивирот. Тој е речиси безопасен, а добро им е познат на пациентите како лек за стомачни проблеми и бактериски инфекции.