Loading Video...
Фудбал
17. April 2021 - 19:59
Ренова го совлада Силекс со 2-1
Ренова и Силекс го отворија викенд 28-то коло во домашното фудбалско првенство. Гипсарите славеа со 2-1 со што за момент излегоа од опасната зона.
Останатите средби од ова коло се играат утре во 13ч.
Во Тетово се одигра супер важен меч за Ренова и Силекс на кој гипсарите ја искористија предноста на домашниот терен и освоја значајни три бода за влез во безбедната зона. Уште по половина час игра Шефити и Јусуфи ја доведоа Ренова до значајно водство од 2-0 што беше и резултат од првиот дел.
По направените три замени гостите од Кратово ја подобрија својата игра и притискаа кон голот на Велии но дури во 90-тата минута преку Галевски го ублажија водството и да ја направат завршницата неизвесна и драматична но не успеаја да го избегнат поразот од 2-1.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->