Loading Video...
Ракомет
17. September 2020 - 14:31

РФМ го прекина натпреварувањето во А суперлигашката група, причина 18 позитивни ракометари на Ковид-19

Иако се одиграа само две кола во ракометното првенство на Македонија, во пресрет на утрешното трето, големи проблеми за федерацијата. 
 
Натпреварите од 3.коло во А групата ќе бидат во „карантин“ во наредните 15 дена. 
 
Имено, по редовните тестирања што ги спроведува федерацијата пред петочните натпревар, утврдено е дека во редовите на најмладиот суперлигашки тим Голден Арт КЛ 7, е потврдено дека дури 16 мина членови се позитивни на Ковид-19. 
 
Според утврдените протоколи, сега сите членови на клубот се во 15 дневен карантин. Покрај нив кај уште двајца ракометари од екипата на Радовиш, против која КЛ 7 играше пред три дена во рамките од 2.коло, е потврден позитивен тест на Ковид-19. 
 
Ракометната федерација на Македонија експресно реагираше и донесе одлука сите натпревари од А групата да бидат прекинати во наредните 15 дена. 
 
Затоа пак, планираните натпревари од Б групата, засега нема да бидат одложени, а според планот, веќе утре (петок) треба да се играат дуелите од третото коло.