Фудбал
13. July 2023 - 20:04

РФС славеше во Скопје против Македонија ЃП

Фудбалерите на Македонија ЃП не успеаја да се снајдат по топлото време и заслужено беа совладани со 1-0 од летонскиот претставник во Конференциската лига, РФС Рига. во првата средба од претквалификациското коло. 
 
Тешките услови не дозволија да се развие подобра игра но сепак гостите искористија една шанса и преку Андреј Илиќ во 34.минута, по асистенцијата на Куадио го постигнаа единствениот погодок. 
 
Во продолжението „лавовите“ се обидоа да го израмнат резултато но  Самир Фазли и Кристијан Стојкоски не се снајдоа најдобро. 
Шанса имаа и Летонците кои погодија пречка.