Рифаи: Светската туристичка организација ќе го поддржи развојот на туризмот во Македонија
Правците на развој на туризмот на глобално ниво и новите трендови за подобрувањето на туристичките услуги, беа тема на разговор на средбата во Мадрид меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи.
Мнистерот Бектеши, кој престојува во Мадрид на покана на Рифаи, информираат од неговиот кабинет, ја искористи посетата на оваа организација на Обединетите нации одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и инклузивен туризам, да ја претстави туристичката понуда на Македонија и можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи.
Тој го информираше Рифаи за приоритетите на новата Влада и политиките и мерките за побрз економски развој, давајќи посебен акцент на туризмот, како една од најважните индустрии во светот.
- Рифаи истакна дека Република Македонија се позиционира на листата на земји – пријатели на Светската туристичка организација и вети целосна поддршка од оваа главна меѓународна организација која го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот. Генералниот секретар ја истакна и неговата лична желба за побрз развој на туризмот во наредниот период, со оглед на потенцијалите со кои располага Македонија, соопшти Министерството за економија.
По посетата на седиштето на Светската туристичка организација, се вели во соопштението, министерот Бектеши одржа предавање на тема инвестиции пред студентите на мадрискиот Универзитет „Карлос Трети“, еден од најпрестижните во Шпанија, со цел да ги запознае одблиску за политиките, капацитетите и поволностите за инвестирање во Република Македонија.
Ново на Сител
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите