Свет
31. March 2020 - 8:57

Римскиот кардинал Анџело Де Донатис позитивен на коронавирусот

 

Кардиналот Анџело де Донатис, кој во име на папата Франциск управува со Римската бискупија, е заразен со коронавирус, соопшти Ватикан.

Кардиналот де Донатис е највисоко рангиран католички свештеник за кого се знае дека е позитивен на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Тој бил тестиран на вирусот бидејќи не се чуствувал добро и бил примен во болница .во Рим.

Неговите најблиски соработници од претпазливост заминаа во доброволен карантин.

Ватикан во саботата соопшти дека папата и неговите најблиски соработници не се позитивни на Ковид-19.