Роберт Исаиловски го фати светиот крст во Гостивар
![]()
Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен во Гостивар, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Роберт Исаиловски. Овој студент по социјална работа, од триесетината гостиварци кои влегоа во реката и насобраните верници кои дојдоа да го чествуваа празникот, тој доби честитки и желби за здравје, бериќет и благосостојба.
![]()
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, на митрополитот г. Јосиф, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. пеејќи ја песната „Во Јордање“. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката.
Традицијата на славење на Водици во Гостивар беше возбновена во 2015 година по речиси седум децениска пауза.
Ново на Сител
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
