Бизнис
3. September 2024 - 19:46

Роденденска кампања на А1

Телекомуникацискиот  оператор  А1 за 5 годишнината од преставувањето на брендот  со атрактивнa понуда до бизнис клиентите -  ќе добијат 50% попуст за купување самсунг галакси С 24, додека пак физичките лица  со А1 Нет М и Тв М , како и  две мобилни ултра линии ќе можат да го купат новиот ајфон 15 за месечна рата од 999 денари. Првиот човек на компанијата задоволен од  достигнувањата  на пазарот

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија. 

Со најголем удел на пазарот  во мобилната телефонија, од А1  се задоволни што бројат над милион  корисници на мобилните и фиксни услуги. 

Инаку податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека минатата година имало повеќе претплатници отколку жители во државата.  Активни корисници на мобилна телефонија биле над милион и 920 илјади , што значи дека  има и граѓани кои користат по неколку телефони.  Месечно, секој претплатни во просек воспоставува по 109  повици.